top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

25.04.2024 April Cetvrtok

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија, пишува СДК.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.


1 view

Comments


bottom of page