Search
Почина мајката на Аки Рахимовски, до последниот момент не знаела дека тој си заминал пред неа
Мајката на Аки Рахимовски, Ана, починала во домот за стари лица каде престојувала веќе извесно време.
Поради нејзината состојба, лекарите и персоналот не ѝ кажале за смртта на Аки. Веста за нејзината смрт ја објави новинарката Мирјана Василева, која била кума на семејството на Аки. Всушност, тој починал еден ден пред да треба да патува во Скопје, за да ја види мајка си, за која му јавиле дека е со влошено здравје. За жал, никогаш не стигнал, поради ненадејната смрт.
Comments