Почина Марио Ѓурчиновски, ФФМ се прости со емотивна порака
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2022
- 1 min read
Македонскиот фудбал денеска остана без еден од најпознатите и највредни спортски работници Марио Ѓурчиновски.
Ѓурчиновски беше дел од Фудбалската федерација на Македонија каде работеше како координатор за едукација на тренерите. Оваа вест дефинитивно ја потресе македонската куќа на фудбалот која со емотивна порака се прости од Марио чие срце згасна во 47 година од животот.
Марио. 🖤
Единствена и неизмерна љубов.
Оставаш големо сведоштво за тоа каков е човекот со сета своја кршливост и сила.
Ти благодариме за емоциите, за среќата, за твоето огромно срце кое никогаш нема да престане да чука.
Ќе те сакаме засекогаш…
Фудбалската федерација на Македонија засекогаш ќе биде твојот дом.
Твоите „слабости“, твоите „грешки“ се еднакви на твојата огромна големина.
Благодариме Марио што си и ќе останеш со сите нас.
Единствена и неизмерна љубов.
Тагуваме за најголемиот професионалец во нашата куќа.
Ѕвезден, неповторлив…
Син, пријател, татко, сопруг, брат…
…Марио.
Единствена и неизмерна љубов!
Фудбалската федерација на Македонија и целото наше семејство ќе те сака засекогаш!

Comentarios