top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ

По кратко боледување, на 83-годишна возраст, почина македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ. Таа има остварено голем број впечатливи улоги на сцените на македонските театри.

Радмиловиќ е родена во Кочани, а најголем дел од кариерата работеше во Битолскиот народен театар каде што долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот.

Таа имаше низа улоги и во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во филмовите на Милчо Манчевски, во „Сенки“, „Мајки“ и „Врба“, „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“, како и во „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, „Џипски меџик“ и „До балчак“ на Столе Попов, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Година на мајмунот“ на Блажевски, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска.

Погребот на Радмановиќ ќе се одржи денес во 11 часот.


0 views

Comments


bottom of page