Почина легендата на македонскиот етер и најпознат дисџокеј: Драган Б. Костиќ на 75 години,најголемиот едукатор и информатор за музиката од светот и балканот,со неговите емиси на радио и телевизија
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 3 min read
20.12.2025 Dekemvri Sabota,
Утрово, по кратко боледување, на 75-годишна возраст почина еден од највлијателните и најпрепознатливи гласови на македонското радио — радио-водителот и диџеј Драган Б. Костиќ. Веста ја потврдија членовите на неговото семејство. (10.06.1950-20.12.2025 )
Костиќ својата богата медиумска кариера ја започна во 1970-тите години во Македонското радио, време кога радиото беше главниот прозорец кон светот на новата музика. Со својот специфичен стил, енциклопедиско музичко знаење и автентична радиофоничност, тој брзо прерасна во култна фигура на македонскиот етер. Најголема препознатливост стекна преку емисиите „Радио урнебес“, „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“, а неговиот авторски печат силно се чувствуваше и во проектите „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“ и многу други. Преку нив, Костиќ не само што ја едуцираше публиката, туку и создаваше генерации слушатели со префинет музички вкус.
Во 2018 година, својот долгогодишен радиофонски израз го пренесе и на телевизиски екран со емисијата „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше во две сезони, до 2019 година, задржувајќи ја истата аналитичка длабочина и страст кон музиката.
Својата 50-годишна кариера, во 2024 година, Костиќ ја одбележа со големиот музички настан „Последниот танц“, одржан во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје — вечер исполнета со емоции, спомени и музика која го одбележа неговиот живот.
Со заминувањето на Драган Б. Костиќ, македонската медиумска сцена загуби глас кој не се повторува. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку снимките, сеќавањата и музиката што несебично ја споделуваше со публиката повеќе од половина век.
Mора да се каже дека мал дел но за нас за мене како спотвеникoт Александар Сантовски на радиото Space Radio-Macedonia-Skopje ке остане запамтено дека 2012 кога се оформуваше радиото и беше во тест пуштање Деаган .Б:КостиЌ во една прилика викаше радиото мора да има едукативни и информативни емисии,радио без тоа не е радио,тоа е како да слушате само плоча или Цд а нема нисто од емисии,тоа мозе и на ѕоутубе да се прави бира која песна да иде,но радио е радио ако има и емисии,па за потоа од 2014 година по отварањето на овој мој медиум да стартуваат и музицки емисии по кој најголема заслуа е и за овој голем совет кој секако и тоа како добронамерно,и од еден ваков врвен легендарен прекрасен цовек кој многу ке ни недостасува ми го кажал тоа , и така и е и сега понатаму има доста емисииод музицкиот дел со продолзување на сето колку мозе тоа што тој го правеше со неговиот милозвучен глас на етерот и со емисиите на телевизија и како дисџокеј ,по кој ке биде запамтен по сите настапи и во дискотеката Мусандра каде последно пушташе и по настапот во Спорскиот центар во Јане Сандански населба Аеродром во Скопје ,а исто така и по настапот по кој ке се памети во 2019 каде настапи на манифестацијата Back to School во населба Аеродром кај паркот на езерата до Јане Сандаски спортскиот центар.Можеше уште да биде дел од овие музички збиднувања и дел од медиумот,велат годините се само бројка,а дури мошеш секако мошеш да работиш со уметноста во тоа нема граници , но нажалост не напушти единствениот голем Дреган .Б.Костиќ кој влегува во големите легенди што многу направиле во музичкиот дел со многу емисии кој ги имаше на радио каде еуцираше многу генерации од старата и поновата,каде се стекнаа со знаење за многу светски ,македонски и балкански бендови ,пеаци,пеацки,групи тој беше енциклопедија музичка,ке недостасува да се слуша неговиот глас милозвуцен но и неговата присутност како човек,неговиот дух.Нека поцива во мир никогаш неда да го заборавиме и понатаму ке продолжиме да гио слушаме неговите сите дела емисии што ги остави зад себе и се да учиме од него што правеше сите ние а и новите генерации,секако пуштајки фи и неговите дела и емисии на радио и понатаму.
Од сопственикот на Space Radio-Macedonia-Skopje композитор ,музичар Александар Сантовски се заблагодарувам за сешто ме советуваше и што до пшоследно пракаше материјал и за моето радио да објавам од групите што се се слушува со новитет на песни ,ти благодарииме сите а и јас за се што работеше сите овие години за сите прекрасни емисии и како дисџокеј за сите преубави забави музички а и како прекрасен човек ти благодариме,и верувам дека ке биеш со Ангелите прекрасно таму Почивај во мир Легендо музичка сега веке и најголема СЛАВА ТИ!!



Сликан со комозиторот ,музичар и сопственик на радиото Space radio-Macedonia-Skopje во 2019 на манифестацијата Back to School и со мајката Виолета Сантовска во населба Аеродром во Скопје кај паркот на езерата до Сц Јане Сандански спорската сала во Скопје Mакедонија
Алчександар сантовски сликан со Драган.Б.Костиќ

Виолета Сантовска сликана со Драган.Б.Костиќ


Еве дел и од емисии кој ги имаше Драган.Б.костиќ





Comments