top of page

Почина легендарниот српски актер Милан Лане Гутовиќ

25.08.2021 Avgust Sreda

Српските медиуми пред малку ја пренесоа тажна вест која ги потресе сите обожаватели на ликот и делото на фантастичниот српски актер Милан Лане Гутовиќ.

Тој починал денес во 76 година во животот, после долга и тешка болест. Како пренесуваат тамошните медиуми, тој минатата недела бил примен во Клиничкиот центар во Белград поради респираторни проблеми, а состојбата во последните два дена му се влошила и бил приклучен на респиратор.

Веста ја потврдил неговиот син Саша Гутовиќ. Инаку, во дел од медиумите се вели дека актерот имал респираторни проблеми. Сите тестови покажале дека е негативен на Ковид-19, но сепак се претпоставува дека имал компликации после претходно прележаниот вирус.

Милан Лане Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година во Белград. Неговите родители биле просветни работници, а има и постара сестра Бојана за која во една прилика ќе изјави дека отсекогаш била заштитнички настроена кон него.

Сакал да запише Природно-математички фактултет, но сепак си ја пробал среќата на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, каде веднаш бил примен.

Благодарение на тоа што неговиот талент бил веднаш препознаен, публиката ќе има можност да ужива гледајќи го во голем број телевизиски и филмски проекти како „Метал без дршке“, „Отворена врата“, но веројатно улогата која ја одбележа неговата кариера е ликот на Среќко Шојиќ од серијалот „Тесна кожа“.

Македонската публика имаше во неколку наврати да го гледа благодарение и на неговите стенд-ап настапи.



 
 
 

Comments


bottom of page