top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина композиторот Александар Џамбазов – Синот Игор се прости со емотивните зборови: „Си замина тив

25.01.2022 januari Vtornik

На 85-годишна возраст почина големиот македонски композитор и маестро Александар Џамбазов. Инаку, роден е на 3 февруари 1936 година, во селото Стапар, Србија. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и на Ревискиот оркестар.

Особено ќе го памтиме по песните од некогашниот „Скопски фестивал“. Исто така, беше и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Има пишувано сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“, итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни забавни шлагерски мелодии.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот син Игор Џамбазов: „Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно, со твојата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој!“.



3 views

Comments


bottom of page