top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Карлос Марин, баритонот на „Ил диво“

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на квартетот „Ил диво“, почина на 53-годишна возраст во Кралската болница во Манчестер. Преостанатите членови на вокалната група ја објавија веста за смртта на нивниот пријател на својата веб-страница во неделата вечерта. Марин бил примен во болница овој месец во текот на новогодишната турнеја во Велика Британија. На пејачот му се слошило на 7 декември и бил ставен во медицинска индуктивна кома. Не е прецизирана болеста, пренесува Би-би-си. Некои медиуми објавија дека тој починал од коронавирус. Споделувајќи ја веста за неговата смрт во неделата вечерта на Твитер, „Ил диво“ соопшти: „Со тешко срце ве известуваме дека почина нашиот пријател и партнер Карлос Марин. „17 години ние четворица бевме заедно на ова неверојатно патување на ‘Ил диво’“, напишаа членовите на групата, Дејвид Милер, Себастиен Изамбард и Урс Билер во спомен на починатиот пејач. „Никогаш нема да има друг глас и дух како Карлос“, напиша „Ил диво“. Марин е дел од „Ил диво“ од неговото основање во 2003 година. Четворцата се познати како пионери на оперскиот поп и имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми во светот. Во квартетот тој беше баритон, Урс и Дејвид се тенори, а Себастиен е поп-изведувач.



4 views

Comments


bottom of page