Почина истакнатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски
Почина фотографот Љупчо Илиевски, човекот кој повеќе од 40 години ѝ беше посветен на фотографијата.
Илиевски спаѓaше во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негуваше специфичен, уметнички стил и силен авторски печат.Тој беше единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија `National Geographic`. Со фотографија се занимаваше од 1980, за во еден период да работи како соработник во ТAНЈУГ (Телеграфска Агенција Нова Југославија). Работеше како камерман во Македонската радио телевизија. Му се прeпишуваа многу прекари: ловецот на драматичните театарски сенки, човекот обземен со лустерот во Офицерскиот дом, портретистот на камената мома во Куклица… Велеше дека не фотографира, туку со светлината пишува наизглед неважни теми, кои потоа ги обработува долг временски период и со голема посветеност. Дел од циклусите на кои беше посветен беа: „Траги“ (за лустерот од некогашниот Офицерски дом во Скопје), „Припитомување на крикот“ (тетарска фотографија од МОТ во период од 14 години), „Убавините ги живееме“ (изложба за Преспа), „Чекорење низ Македонија“, „Осамени, а вечни“. Во последните години беше исклучително горд што работи со учениците од средното уметничко училипте „Лазар Личеноски“ во Скопе.
Comments