top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Ерик Кармен, фронтмен на групата „Расберис“ и творец на многу хитови

12.03.2024 Mart Vtornik

Американскиот музичар и поранешен фронтмен на „Расберис“, Ерик Кармен, почина на 75-годишна возраст, соопшти неговата сопруга Ејми.

Тој се прослави со поп групата „Расберис“ пред да се етаблира како соло уметник. „Hungry Eyes“, еден од неговите големи хитови, беше искористен во култниот филмски класик „Валкан танц“ од 1987 година.„Нашиот сакан и талентиран Ерик почина во сон за време на викендот“, напиша неговата сопруга на официјалната веб-страница на пејачот.

Како што таа понатаму вели, „му донесе голема радост што знаеше дека неговата музика допре многумина и дека тоа ќе биде негово трајно наследство“.

Таа ја заврши објавата со цитат: „Само љубовта е важна…верноста засекогаш“ од неговиот соло албум „Boats Against The Current“ од 1977 година.

Пејачот роден во Охајо ја коосноваше групата „Расберис“ во раните 1970-ти со Џим Бонфанти и Воли Брајсон, на кои подоцна им се придружи Дејв Смали и по заминувањето на Џон Алексиќ.

По четири заеднички албуми, бендот се распадна во 1975 година, а Кармен потоа започна соло кариера.

Публиката најмногу го памети по големиот хит „All By Myself“, кој подоцна стана еден од најпознатите хитови на канадската пејачка Селин Дион. И тој негов хит беше искористен во почетната сцена на филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“.

Како текстописец, Кармен е познат и по хитовите како „Almost Paradise“ од филмот „Безгрижен“, како и „Never Gonna Fall In Love Again“ и „Make Me Lose Control“.


1 view

Comments


bottom of page