top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина еминентниот македонски скулптор: Драган Попоски-Дада остави непроценливо наследство во уметно

28.09.2021 Septemvri vtornik

На 88-годишна возраст почина Драган Попоски-Дада (1933-2001), доајен на македонската современа скулптура, еден од најеминентните македонски скулптори кој со својот силен белег остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа уметност.

“Уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада е долг, со повеќе развојни творечки етапи. Неговите облици имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацитивност… Треба да се нагласи и дека една од битните карактеристики на ликовното кажување на Драган Попоски, кој во рамките на фигуративното ја поттикнува желбата да се откријат и согледаат оние примарни вредности што ја чинат конкретната претстава, е монументално…“, се вели меѓудругото за ликот и делото на овој голем уметник од Националната галерија на Македонија, која во октомври-ноември 2018 година, во објектот Даут пашин амам организираше ретроспективна изложба на Драган Попоски – Дада.

Од уметникот со објава на социјалните мрежи се простија бројните почитувачи на неговата уметност, негови колеги, пријатели…, а министерката за култура Ирена Стефоска напиша: “Вечна слава за големиот човек, педагог и модерен уметник. Мајсторот кој го обликуваше прилепскиот „сивец“ во минијатурни или момнументални дела, кои остануваат непроценливо наследство за современата македонска уметност“.

Драган Попоски-Дада е роден во Прилеп, во 1933 година. Своето високо образование го завршил во Белград – Академија за ликовни уметности во 1961 и постдипломски студии во 1964 година. Како дел од својата кариера, работел и како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври“.

Последен поздрав ќе се изврши на 29. септември (среда) во 12 часот во капела на Градските гробишта Бутел.



2 views

Commentaires


bottom of page