top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Горјан Тозија

Почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тој на 68-годишна возраст починал од пневмонија.

Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Неговите пријатели на социјалните мрежи се опростуваат од него.


1 view

Comments


bottom of page