top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Велибор Џаровски Џаро, еден од најпознатите менаџери во поранешна југославија и во независна и самостојна Македонија

25.04.2024 April Cetvrtok

На 75 години во Скопје почина легендарниот менаџер и познатиот „крал на фудбалските местенки“, Велибор Џаровски - Џаро.

Денес по кусо боледување почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.

Џаро почина на 75 години, откако пред еден месец имаше мозочен удар.

Во својата долга кариера тој соработуваше со најголемите југословенски ѕвезди, но беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто за што самиот отворено зборуваше.

Џаро низ годините организирал преку 5.000 концерти, а повеќето музички ѕвезди со кои соработуваше, му беа и пријатели и неизмерно го почитуваа.

Минатата година беше промовирана и книгата „Џаро – живот на коцка“, која ја напиша неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска.

Во книгата некогашниот менаџер раскажа приказни кои претходно не ги споделил со јавноста и анегдоти за неговиот возбудлив живот.

Дури и пред крајот на животот тој одеше на концерти, промоции и настани, заедно со својата ќерка. 

Таа на почетокот на април преку својот профил на Фејсбук откри дека Џаро доживеал мозочен удар веднаш по концертот на Горан Бреговиќ на 24 март, по што бил пренесен во болница, каде што поминал 2 недели.


1 view

Comments


bottom of page