top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина британскиот рок-музичар Џон Мајлс

07.12.2021 Dekemvri Vtornik

Велика Британија загуби еден од своите најталентирани музичари, Џон Мајлс, кој почина на 72-годишна возраст. Роден во Џероу, североисточна Англија, Мајлс е најпознат по епската балада Music (Music Was My First Love And It Will Be My Last), која беше на третото место на топ-листите во Велика Британија во 1976 година. Набргу потоа списанието Melody Maker го прогласи за „најсветлата, најсвежа сила во британскиот рок“. Мајлс, кој подоцна соработуваше со Тина Тарнер и Стиви Вондер, починал мирно по кратко боледување, според објавата на неговото семејство. „Тој беше сакан сопруг, татко и дедо и на сите ќе ни недостига повеќе отколку што може да се изрази со кој било збор“, се наведува во соопштението објавено на официјалната фејсбук-страница на Мајлс.


1 view

Kommentare


bottom of page