top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на култната група „Рибља чорба“

04.09.2024 septemvri sreda

По кратко боледување денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Информацијата за неговата смрт ја соопшти токму бендот.

Легендарниот рокерпочина денеска на 72-годишна возраст. Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови. Официјалната страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

- Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година, стои во објавата.

Рибља чорба беше една од најпопуларните екс југословенски рок-групи, која е основана во Белград на 15.08.1978 година. Бора Ѓорѓевиќ пред паузата со група Рани мраз и Ѓорѓе Балашевиќ 1978 поминал неколку години во групата Сончоглед, неговиот прв бенд.

Бора заедно со Биља Крстиќ станува член на групата Рани мраз, бидејќи Сончогеди не сакаше да ја сними песната „Кукла од насловна страница“. Со групата Рани Мраз, Бора сними два сингл плочи на кои пееше само придружни вокали на два сингла „Сметајте на нас“ и „Прости ми Катрин. По три месеци, Бора го напушти Раниот мраз.По средбата со членовите од групата СОС, Миша Алексиќ, Рајко Коиќ и Мирослав Милатовиќ е формирана култната Рибља Чорбаво ресторан Шуматовиќ. Првобитно со името Бора и воини, набрзо групата го менува името по популарното јадење на ресторан каде е формирана Рибља Чорба, иако овој термин тогаш значеше и жаргон за месечен период кај жените.

Првиот концерт беше одржан Рибља Чорба во Војводина, во Елeмир на 26 август 1978. години, по што следи некои свирки во Суботица и во Сараево, каде што стекна нова публика. На 22 декември тие го издадоа нивниот прв сингл со песни „Лутка са насловне стране“ и "Тој и неговиот БМВ", кој веднаш стана многу популарен.

Во текот на 45 годишната кариера, групата има здадено 19 албуми, 7 концертни албуми, а Бора познат по својот необичен хумот издаде и 3 соло албуми. Роден во Чачак, Бора оставил и последна желба да биде погребан во родното место. Беше член на Демократската партија на Србија. По падот на Милоѓевиќ, стана советник на министерот за култура во владата од 2004 година, но по кратко време даде оставка поради своите навреди кон телевизијата Б92.

Во текот на својата кариера Бора соработуваѓе со најпознатите југословенски изведувачи и е автор на бројни хитови на Здравко Чолиќ, Бисера Велетанлиќ, Зана, Светлана Ражнатовиќ.

Бора беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Борисав и Драгана се развеле на 5 февруари 2007 и тој и го напуштил станот во кој живееле. Драгана Ѓорѓевиќ изврши самоубиство на 23 март 2007 година.По втор пат се ожени со Александра, 26 години помлада од него. Свадбата се одржа во Рудник на 18 ноември 2009 година. Тој ја запозна Александра за време на турнеја низ САД. Бракот траеше четири години.

Од пред неколку години, Бора беше во среќен брак со Дубравка, со која живееше во Љубљана, Словенија и почина во истата болница во која пред 44 години почина и тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.


8 views

Comments


bottom of page