Search
Почина Бобан Петровиќ, легендата на Партизан
28.09.2021 Septemvri vtornik
Легендарниот крилен-центар на Партизан, поранешен репрезентативец на Југославија, Бобан Петровиќ, почина на 65-годишна возраст во Јужна Африка. Петровиќ, пред неколку дена имал сообраќајна несреќа, последните денови од својот живот ги минал во болница.
Бобан Петровиќ го носел дресот на Партизан во периодот од 1976 до 1985 година. Со 3.618 постигнати поени тој е десетти најдобра стрелец во историјата на клубот. Со Партизан два пати бил шампион во поранешната држава, освоил и два меѓународни трофеи (Купот на Радивој Кораќ во 1978 и 1979 година).
Со репрезентацијата на СФРЈ освоил сребро на ЕП во 1981 година и бронза на СП во 1982 година.
Покрај за Партизан, во кариерата играл и за Ремс, Олимпја Љубљана, Манреса, Напредак и Хаселт.
Comments