Почина Ал Ради, продуцентот кој доби Оскар за филмовите „Кум“ и „Девојката од милион долари“
29.05.2024 Maj sreda
Ал Ради, продуцентот на „Кум“ и „Девојката од милион долари“, за кои стана добитник на Оскар, почина на 94-годишна возраст по кратко боледување, пишува „Дејли мејл“
Неговата работа неодамна беше прикажана во хит серијата „Понудата“, каде Мајлс Телер го играше Ради додека го продуцирал епскиот гангстерски филм на Френсис Форд Копола од 1972 година.
Продуцентот работеше на филмот на Клинт Иствуд „Девојката од милион долари“ во кој глуми Хилари Свонк. А долго пред неговиот успех во филмовите, Ал продуцираше и ТВ серија, „Хогановите херои“, која траеше шест сезони.
Портпарол на семејството изјави дека Ради починал на 25 мај во Медицинскиот центар Роналд Реган по кратко боледување.
Клинт Иствуд, Ал Пачино и Хилари Свонк ги споделија своите последни поздрави до продуцентот.„Тој беше мој голем пријател и многу ќе ми недостига“, напишал Иствуд во изјавата во вторникот.„Тоа беше најдобро време да се работи со [Ал]. Тој секогаш ќе биде легенда во мојата и во книгата на сите“, додала Свонк.„Ал Ради ми беше апсолутно добар цело време на ‘Кум’, дури и кога не ме сакаа, тој ме сакаше. Ми даде дар на охрабрување кога ми требаше и никогаш нема да заборавам тоа”, се присетил Ал Пачино.
Ал Ради е роден како Алберт Сотланд Ради на 28 март 1930 година. Покрај култните филмови „Кум“ и „Девојката од милион долари“, ги продуцираше и „Извидник“, „Лоши девојки“, „Саботажа ” и други.
Comments