top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина актерот Роберт Свон


Актерот Роберт Свон, најпознат по улогата во „Недопирливите“, почина на 78-годишна возраст.

Свон – кој го глумеше капетанот Маунти заедно со Кевин Костнер и Шон Конери во гангстерскиот класик на Брајан Де Палма од 1987 година – почина од рак на црниот дроб, потврди еден од неговите пријатели за „Вараети“ и „Холивуд репортер“ во средата.

Неговата смрт на социјалните мрежи ја објави и неговата пријателка Бети Хофнер, која на „Фејсбук“ напиша: „Умре мирно во сон во 5.47 часот, на 9 август, во неговиот дом во Ролинг Прери, Индијана, по долга борба со ракот“.

Роберт е најпознат по својата улога во „Недопирливите“ или The Untouchables каде што станува бесен поради грубата тактика на чикашкиот полицаец (Шон Конери) додека се борат против Ал Капоне.

Тој глумеше во филмот на Оливер Стоун Natural Born Killers („Природни родени убијци“) и во голем број други филмови како The Owner, The Dollmaker, Hoosiers, Backdraft, Somewhere in Time, Heart of Steel, The Twilight Zone.




1 view

Comments


bottom of page