top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина актерот од филмот „Titanic“, потресна сцена ја одбележа неговата кариера

Актерот од култниот филм „Titanic“, кого сите го паметиме по една од најтрогателните сцени, почина по тешко боледување.

Лу Палтер почина на 95-годишна возраст од рак на белите дробови, соопшти неговото семејство.

Палтер им подлегнал на последиците од болеста на 21 мај, изјави неговата ќерка Кетрин за „Холивуд репортер“

Лу Палтер (94) беше најпознат по трогателната сцена каде старец и старица, кои знаат дека нема да можат да избегаат од Титаник што тоне, се гушкаат на креветот додека водата навлегува во кабините на бродот. Сцената, инаку, е инспирирана од вистински пар патници на „Титаник“, а од необична игра на судбината, двајцата старци биле предци на сопругата на сопственикот на подморницата „Титан“, Стоктон Раш.

Тој беше познато телевизиско лице, појавувајќи се во неколку ТВ проекти „The Flying Nun“, „Columbo“, „The Brady Bunch“, „Hill Street Blues“ и „LA Law“.

Палтер играше судија на Врховниот суд во комедијата-драма „First Monday In October“ од 1981 година, со Волтер Матау и Џил Клејбург во главните улоги.


2 views

コメント


bottom of page