Почина Maxi Jazz, пејачот на култните Faithless
Лондон, 24. декември 2022 – На 65-годишна возраст синоќа почина Африканскиот Maxi Jazz, пејачот на култната dance група Faithless.
На официјалниот профил на групата на Facebook е објавена информација со порака дека „нивните срца се скршени“.
– Беше човек кој ги смени нашите животи на толку многу начини. Тој ја даде вистинската порака преку нашата музика. Беше чест и вистинско задоволство да се работи со него, порачаа од групата. Rollo и Sister Bliss додаваат дека Maxi Jazz беше брилијантен текстописец, Dj, човек кој уживаше на сцената, прекрасна личност, но и вистински морален компас и гениј.
Роден како Maxwell Fraser на 14-ти јуни 1957 година во Brixton, London, Maxi Jazz важеше за исклучително талентиран Британски музичар, рапер, пејач, текстописец и Dj. Сепак, најпознат е како главен вокал на Британскиот dance бенд Faithless, од 1995 до 2015 година. Faithless работат заедно од 1995 година, а покрај Maxi Jazz, членови на групата се Rollo и Sister Bliss. Нивниот прв албум „Reverence“, беше издаден во 1996 година и ги донесе dance химните „Insomnia“ и „Salva Mea“, двете продадени во повеќе од милион копии. Вториот албум на групата „Sunday 8PM“, издаден во 1998 година, го носи глобалниот хит „God Is A Dj“ и го зацврстува нивниот статус на гиганти во dance музичката индистрија. Исто така мора да се спомне дека има настапувано Feithless со пеачот на групата Maxi Jazz и во Македонија во главниот град Скопје во тогашниот веке поранешен Скопски Саем кој веке од 2018 не постои срушен е,а оваа група беше дури два пати на тој простор одржа концерти во 2005 и 2010 година во надворесниот и внатресниот дел на објектот,каде што огромеен број лјубители и од Македонија беа и ги пееа најголемите хитови нема да се заборави има одрзано и на Скопското лизгалисте 2000 година а исто така и во Александар Палас 2006,Со ова се сстава едно време на електронска музика на една генерација со кој ние растевме,делата музикаата и понатаму живеат и ке се пустаат на радио станиците нивните нумери нема да го забортавиме!!
Comentários