top of page
Search

Потфат за паметење: Четирите тројки со кои нереалниот Кари ги испрати Французите „на спиење“ (Видео) Олимписки игри Парис Франција 2024

12.08.2024 Avgust Ponedelnik

Објавата е од 11.08.2024 Август Недела

Стеф Кари имаше навистина потпросочен турнир на Олимписките игри во Париз и не му одеше шутот се до полуфиналето, но кога дојде моментот на вистината, легендарниот играч на Голден Стејт уште еднаш докажа зошто важи за најдобар шутер на сите времиња.

Кари беше тој кој ја остави Америка во игра против Србија и беше клучен за победата на „дрим-тимот“, а тој примат го осигура и со херојското издание во финалето.

Французите имаат сериозен налет со поддршка од трибините и се обидуваа да ги вознемират фаворитит, но кога и да беше тешко, мирната рака на Стеф носеше брутален одговор за „триколорите“.

Кари успеа да погоди вкупно осум тројки во финалето, но оние четири кои ги распали во послдните две ипол минути сигурно влегуваат во аналите на Олимписките игри.

Стеф гаѓаше од различни позиции со различни техники на шут, па откако ја постигна четвртата во низа за осигурана победа, во свој препознатлив стил ги прати Французите „на спиење“.



2 views

Comments


bottom of page