top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Потпишано тригодишно продолжување на договорот со ГН на Австрија

ФОРМУЛА 1

Формула 1 (Ф1) објави дека потпишала тригодишно продолжување на договорот со кој до 2030 година ќе има трка за големата награда (ГН) на Австрија, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).

Одлуката доаѓа само неколку месеци откако патеката потпиша четиригодишен договор, до 2027 година, нагласувајќи дека е еден од најпопуларните терени во Ф1. – Трката во Австрија е голем фаворит кај возачите и сите наши гледачи – рече претседателот на Ф1, Стефано Доменикали.

Австрија е домаќин на трка од шампионатот Ф1 од 1964 година. На актуелната патека се одржаа по две трки во 2020 и во 2021 година, бидејќи Формула 1 ги дополнуваше трките откажани за време на пандемијата на коронавирус.


2 views

Comments


bottom of page