Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Европскиот центар за византиски и
04.06.2021 Juni Petok
Во Солун, Република Грција, денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. Меморандумот го потпишаа министерката за култура, Ирена Стефоска, и претседателката на Управниот одбор на овој Центар, Наталија Пулу. „Денеска го направивме првиот формален чекор од она што се нарекува ново поглавје во културната соработка меѓу нашите држави. Се радувам за она што го носи иднината. На сите ви посакувам продуктивна и плодна работа заедно“, рече министерката Стефоска на чинот на потпишување. Претседателката на Управниот одбор на Центарот, Наталиа Пулу, изрази задоволство и надеж дека соработката која започнува во доменот на конзервацијата и реставрацијата ќе прерасне и во соработка на научно поле, издавање публикации и популаризација на културното наследство. Меморандумот претставува основа за соработка меѓу надлежните институции за заштита на културното наследство и Европскиот центар, за размена на експерти, како и за обука на кадар за конзервација и реставрација. Двете земји ќе соработуваат и на развој на проекти и нивно промовирање во европските институции, како и за заедничко аплицирање во фондовите на ЕУ. Потпишувањето на меморандумот беше иницирано во рамките на неодамнешната посета на делегација од Република Грција, кога беше потврдена отвореноста за конкретна соработка меѓу двете пријателски земји.
Comments