Потврда на фијаското: Лејкерс остана без плејоф, Леброн беше гледач од трибините видео
По последните резултати рано утрово, Лос Анџелес Лејкерс испадна од сите комбинации за влез во плеј-инот и плејофот во НБА лигата, откако потврда за фијаското и официјално добивме на мечот со Феникс Санс.
Актуелниот вицешампион во НБА лигата очекувано оствари победа над „езерџиите“ кои одново не можеа да сметаат на Леброн Џејмс, па со тоа „сонцата“ ставија точка на ужасната сезона на еден од најразочарувачките тимови во историјата на Лејкерс.
Леброн се мачи со повреда на зглобот во последно време и го гледаше мечот од клупата, па како гледач од трибините најдобро можеше да види што му недостасува на овој тим кој разочара многу кошаркарски фанови оваа сезона.
Феникс победи со 121:110 и тоа го остави Лејкерс без математички шанси за 10-то место во НБА лигата, која оваа година носи влез во плеј-ин разигрувањето од 7-то до 10то место. Оваа позиција ја осигура Сан Антонио, тим кој славеше на гостувањето кај Денвер со 97:116.
Само за потсетување, пред сезоната Лејкерс состави искусен тим составен од ветерани шампиони и многумина ги посочија како главни фаворити за НБА прстенот, но наместо тоа, „езерџиите“ доживеаја вистинско фијаско и јасно е дека ќе следат големи промени во франшизата.
Comments