top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Постхумно признание за славниот тенор: Павароти добива ѕвезда на Булеварот на славните

Италијанскиот тенор Лучиано Павароти, кој почина во 2007 година, на 24 август постхумно ќе биде одликуван со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Ѕвездата на Павароти ќе биде 2730-та ѕвезда на овој познат холивудски булевар, а на настанот како говорник е поканет американскиот диригент Џејмс Конлон.

Во име на семејството, на церемонијата ќе присуствува Кристина Павароти, една од трите ќерки на пејачот од првиот брак.

Павароти е роден во Модена во 1935 година. Тој е еден од најголемите оперски пејачи на 20 век и има настапувано низ целиот свет. Пееше и во склоп на составот „Три тенори“ во која беа Пласидо Доминго и Хозе Карерас, пишува ХИНА.

Павароти е роден во Модена во 1935 година. Тој се смета за еден од најважните тенори на 20 век, а настапувал во сите поголеми оперски куќи во светот. Светска слава стекна и настапувајќи во триото наречено „Три тенори“, со Пласидо Доминго и Хозе Карерас.

Тој беше познат и по неговите хуманитарни концерти наречени Павароти и пријатели, каде пееше дуети со светски рок и поп ѕвезди.

Тој почина од рак на панкреасот на 6 септември 2007 година на 71-годишна возраст.




4 views

Comments


bottom of page