Search
Последните изданија промовирани на манифестацијата “Прличевите беседи“ пред читателите
- Aleksandar Santovski
- Feb 8, 2022
- 1 min read
Updated: Feb 9, 2022
08.02.2022 Februari Vtornik
Во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид на читателите веќе им се достапни и последните изданија промовирани на манифестацијата “Прличеви беседи“. Се работи за следниве наслови „Прличеви беседи ( 1952 – 2022) хроника на еден културен настан“ од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска, „Охридски раскажувачи“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и најновата наградена поема „Цветко“ од поетот Трајче Кацаров.
Трите изданија се издадени со финансиска помош на Министерството за култура и Општина Охрид.
Од Библиотеката потсетуваат дека пултот за зајмување за читателите е отворен од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот. Годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.

Comments