Последните два европски шампиони ќе се соочат во четвртфиналето на Лигата на шампионите
15.03.2024 Mart Petok
Реал Мадрид и Манчестер Сити трета сезона по ред ќе се сретнат во некоја од завршнита фази на Лигата на шампионите, а во годинешното четвртфинале тоа ќе биде и дуел на последните два европски шампиони.
Сити ќе биде домаќин на реваншот, додека во полуфиналето може да има потенцијален дуел со Арсенал, кој пак за противник ќе го има Баерн Минхен.
ПСЖ ќе се соочи со Барселона, поранешниот тим на тренерот Луис Енрике, додека Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд веројатно се најзадоволни од ждрепката и ќе влезат со слични шанси за место во полуфиналето.
Ждрепката одлучи и да нема можност за шпанско „Ел Класико“ во полуфиналната рунда.
Четвртфинални парови:
Арсенал – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Манчестер Сити
ПСЖ – Барселона
Полуфинални парови:
Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд против ПСЖ – Барселона
Арсенал – Баерн Минхен против Реал Мадрид – Манчестер Сити
Осум екипи денеска ќе го добијат својот противник во четвртфиналето на Лигата на шампионите, продолжувајќи го својот пат кон исполнување на една и единствена амбиција, подигнување на пехарот со големи уши на „Вембли“.
Во конкуренција за трофејот останаа актуелниот шампион Манчестер Сити, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Арсенал, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Најпрвин за правилата на ждрепката која денеска започнува од 12 часот.
– Нема повластени екипи и ограничувања во однос на земјата која ја претставуваат, па може да добиеме двојки со екипи од иста лига.
– Екипата која ќе биде извлечена прва, ќе биде домаќин на првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч.
– Денеска ќе бидат одредени и потенцијалните полуфинални парови, односно екипите ќе го знаат својот пат до финалето.
– Четвртфиналните мечеви ќе се играат на 9/10 април, односно 16/17 април. Полуфиналните дуели се закажани за 30 април/1 мај и 7/8 мај, а финалето ќе се игра на „Вембли“ на 1. јуни.
Bình luận