,,Последниот танц” на сцена на Драган Б. Костиќ на 29 ноември во СЦ Јане Сандански
15.10.2024 Oktomvri Vtornik
На 29 ноември во СЦ Јане Сандански ќе се одржи “Последниот танц” на сцена на една од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани, човек кој има пораснато и музички и културолошки едуцирано повеќе од 5 генерации – Драган Б. Костиќ!
Настанот, во организација на „Авалон продукција“ е по повод 50 години од легендарната емисија ,,Диско селектор”.
„Зборот легенда во овој регион се користи многу често – без било какви аргументи.Ако некој заслужено го носи зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Драган Б. Костиќ!“, велат од „Авалон“.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16 октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 600 денари.
Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и ограничен број на ВИП влезници со високи маси, по цена од 1.000 денари.
Comments