top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Последниот ривал на Роналдо од Саудиска Арабија: Цел живот ми беше идол, но сега ме разочара

Кристијано Роналдо остави лош пример по поразот на Ал Наср во Кингс Купот и доста лошо се помири со тоа што отпадна од игра за уште еден трофеј, што прави Португалецот да биде под сериозна закана да не освои ниту една титула во Саудиска Арабија.

Ал Наср загуби од Ал Вехда во полуфиналето со 0:1 и стрелец на единствениот гол беше Жан Давид Беагуел, кој наспроти големата радост, на крајот останал разочаран од својот идол.

– Разочаран сум од односот на Роналдо. После натпреварот му кажав дека сум негов голема фан и му го побарав дресот. Тој ја испружи раката, но не ме ни погледна, се чувствуваше презир во воздухот.

– Не сакав ништо да му возвратам бидејќи пораснав со видеа од неговите голови. Знам дека беше разочаран од поразот, но неговиот став ме изненади. Дури и на теренот вознемирено викаше по соиграчите и остави лош пример, – вели Беагуел.

Откако Роналдо дојде во Саудиска Арабија, Ал Наср испадна во двата Купа, во Суперкупот, а заостанува и на табелата во домашното првенство каде се во свои раце има Ал Итихад.


0 views

Comments


bottom of page