top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Последната измена на Нагелсман доцнеше десетина минути поради бизарна причина

15.09.2021 Septemvri Sreda

Баерн Минхен и одржа фудбалска лекција на Барселона на „Камп Ноу“ и славеше со сигурни 0:3 на гостувањето кај реномираниот шпански ривал, кој во овој момент изгледа како тим кој е неколку класи зад баварскиот великан земајќи ги во предвид воиграноста и играчкиот кадар.

Тимот предводен од новиот тренер Јулијан Нагелсман заслужено победи и не и дозволи на Барса да испрати ниту еден директен удар кон голот на Мануел Нојер, а комоцијата која ја имаше на натпреварот, му овозможи на германскиот стручњак да ги искористи сите пет замени и да им даде шанса на повеќе фудбалери.

Сепак, една измена предизвика посебно голем интерес во германската јавност, бидејќи Кингсли Коман најпрво требаше да влезе во 70-та минута и да го замени Мусиала, но наместо тоа, влезе во 82-та минута и го зазема местото на Лерој Сане.

Нагелсман подоцна откри дека тоа било така поради бизарна причина, која го натерале Французинот итно да замине во тоалет и да одговори на „повикот од природата“.

– Кингсли имаше стомачен проблем непосредно пред да влезе во игра, пред да ја извршиме измената. Поради тоа, моравме да почекаме да заврши неговата посета на тоалетот на „Камп Ноу“. Кога се врати, ја извршивме измената, – објасни Нагелсман кој потврди дека неговиот фудбалер минал десетина минути во тоалет.


3 views

Comments


bottom of page