top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Последна изведба на претставата „Ако останеш дома“ вечерва во Кичево

Откако кон крајот на минатата година драмските аматери од Кичево за првпат ја изведоа претставата „Ако останеш дома“ од Карој Сакони, пред мал број вработени во Центарот за култура, како превентива против ковид-19, вечерва за последен пат оваа драмска претстава ќе ја изведат пред домашната публика, потсети Мазлам Османи директор на Центарот за култура и наведе дека оваа драмска претстава е современа унгарска драма во еден чин.

– Иако оваа драма е напишана во минатиот век, таа ги отсликува проблемите на еден брачен пар кои се актуелни и денес, но се претставени на еден поинаков,современ начин. Петстава ја подготвувавме околу три седмици и сметаме дека ќе ги задоволи вкусовите на присутните гледачи во салата од Центарот за култура – истакна режисерот на претставата Михајло Петрески.

Носители на главните улоги се Михајло Петрески и Виолета Петкоска.

Сценографијата ја изработија вработени од Центарот за култура, костимите и декорирањето на сцената се дело на Александра Петрески.Изборот на музика и видео ги направи Матео Петрески.

Почетокот на претставата е во 20 часот.


1 view

Comments


bottom of page