Посебна чест: Јокиќ го доби МВП признанието пред шталата во родниот Сомбор! (Видео)
Новинарот Војнаровски уште пред неколку дена објави дека Никола Јокиќ ќе биде старо-нов МВП играч во НБА лигата, а сега пристигна уникатна сцена од Сомбор каде Србинот добил неверојатно изненадување.
За првпат во историјата на НБА лигата, еден МВП трофеј беше доделен во штала во родниот крај на Јокиќ, кој наспроти сите емоции и солзи, даде и неколку интересни изјави.
– Искрено, беше тешко да се поверува деак воопшто ќе станам кошаркар, а не дека ќе играм во НБА лигата и дека ќе станам двократен МВП играч, – изјавил трогнатниот Јокиќ.
Изненадувањето во Сомбор го режирало експедицијата на Денвер, но биле вклучени и луѓето од НБА лигата кои го истакнаа податокот дека Јокиќ е само 13-от играч во историјата кој освоил две МВП признанија едноподруго, или само петтиот центар.
– Ова веројатно прв и последен пат да се даде МВП трофјот пред штала во Србја, – изјави насмеаниот Јокиќ.
Comentários