Посебна чест од телевизискиот гигант: Симпатична турска новинарка го интервјуираше Пандев на македон
23.06.2021 Juni Sreda
Горан Пандев стави крај на својата репрезентативна кариера и емотивните сцени од „Јохан Кројф арената“ предизвикаа восхит во цела спортска јавност, но сега пристигна едно уникатно видео од „БеИН Спортс“ кое ни понуди нависитна убава сцена од студиото на телевизискиот гигант.
„БеИН Спортс“ како телевизиска мрежа има спортски канали на четири континенти и дури во 13 земји, а туската верзија на телевизијата чиј сопственик е газдата на ПСЖ (Насер Ал Келаифи) се реши за уникатно интервју.
Симпатичната и шармантна турска новинарка Сејхан Шашко го водеше интервјуто со Пандев на течен македонски јазик и направи овој разговор да биде навистина посебен, а и одговорите на нашиот напаѓач беа навистина исцрпни и опфатија повеќе теми.
Инаку, Сејхан Шашко подолго време е актуелна турска новинарка и е составен дел од спорстката сфера во оваа земја, а нејзиното потекло е од Охрид и поради тоа одлучила интервјуто да го направи на македонски јазик.
погледнете го видеото на линковите
https://twitter.com/i/status/1406967024232828933 https://www.instagram.com/p/CQY55omproJ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
Comments