top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Портрети на австралиски домородни жени ја освоија наградатa „Тејлор Весинг“

Фотографот Дејвид Причард ја освои годинешната престижна награда „Тејлор Весинг“ за своите портрети на домородни жени во Австралија. Неговата серија „Почит на домородните сточарки“ ги доловува оние што повеќето од својот работен век го поминале на станици за добиток во северен Квинсленд. Причард им се заблагодари на субјектите за нивната доверба велејќи дека тој е само алатка што им овозможува на жените да ги раскажат своите приказни. Нему му беше доделена првата награда од 15.000 фунти во лондонскиот „Кромвел плејс“, новиот уметнички центар во јужен Кенсигтон, Лондон, во понеделникот. Фотографот од Сиднеј (55) рече дека сака да фрли светлина на заедницата што главно е незабележана. Теми со фокус на храброста во справувањето со неволјите, физичката позитивност и траумата што ја доживеале членовите на домородната заедница во Австралија беа во потесниот избор за годинешната награда за фотографија „Тејлор Весинг“.



1 view

Comments


bottom of page