Поранешниот продажен центар на ИКЕА во Ковентри ќе стане уметнички центар
16.02.2021 februari vtornik Следниот град на културата во Велика Британија планира да го трансформира празниот продажен центар на ИКЕА во уметнички центар. Шведскиот гигант, светски синџир на продавници за мебел, ИКЕА, ја затвори својата подружница – трговски комплекс во Ковентри во март 2020 година, но со нови предлози може да стане дом на национални и локални уметнички дела и колекции. Градскиот совет на Ковентри ќе гласа за предлозите за купување на значајната продавница во центарот на градот следната недела, пренесува Би-би-си. Според Советот, тоа е добра можност и потег со кој градот со право може да се гордее. Ковентри е град на културата во Велика Британија за 2021 година, а Градскиот совет смета дека трансформацијата на ИКЕА ќе донесе трајно наследство.
Comentários