Поранешната менаџерка на Тоше: „Не можеш никогаш да го пронајдеш мирот, можеш само да научиш да живе
По сообраќајната несреќа во која настрада Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ целосно се повлече од светот на естрадата и јавниот живот, па почнала да се занимава со одгледување на лаванда.
Лилјана Петровиќ речиси никогаш не се појавува во јавноста, а во емисијата „Утро“ на српската телевизија „Прва“ се вклучила во програма во живо од своите плантажи за лаванда кои почнала да ги одгледува по смртта на Тоше Проески. Водителот ја прашал дали го нашла мирот во плантажите поради тоа што истите настанале по смртта на Тоше Проески, а Лилјана Петровиќ одговорила дека е изненадена од тоа прашање: „Не го очекував ова прашање“, изјавила Петровиќ, па додала: „Не можеш никогаш да го пронајдеш мирот. Можеш само да научиш да живееш со тоа“, изјавила Лилјана. Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот А3, на патот од Скопје за Загреб. Автомобилот управуван од Ѓорѓи Георгиевски удрил во камион откако возачот заспал зад воланот. Менаџерката Лилjана Петровиќ, која во тоа време беше полесно повредена, спиеше за време на несреќата, исто како и Тоше. Сепак, тој за жал почина на самото место на несреќата.
Comments