top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поранешната Бонд-девојка 40 години по глумата во „Октопуси“


Холивудската икона Мод Адамс докажа дека сè уште е во одлична форма додека ги шеташе своите миленичиња во Беверли Хилс минатата недела. Филмската и ТВ-актерка, која наполни 77 години овој месец, ја покажа својата вита фигура во атлетска облека на прошетка во парк со двете кучиња. Бонд-девојка е главна женска улога во филмовите за Џејмс Бонд, познатиот британски агент 007. Бонд-девојките се менуваат речиси во секое продолжение на филмот за разлика од актерите што го портретираат Бонд. Ѕвездата родена во Шведска се издвојува по тоа што е единствената актерка што се појавила во три филма 007: „Човекот со златен пиштол“ (1974), „Октопуси“ (1983) и „Поглед на убиство“ (1985). Во сите глумеше со Роџер Мур како 007.





3 views

Comments


bottom of page