top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поранешен шпански тенисер: Поразот во Синсинати е перфектна лекција за Алкарас

Карлос Алкарас отвори ново големо ривалство со Новак Ѓоковиќ, а неодамна мораше да го прифати поразот против грен-слем рекордерот во финалето на Мастерсот во Синсинати. Шпанецот испушти меч топка, по што беше поразен, а неговиот познат сонародник и поранешен тенисер, Алек Кореча, смета дека поразот во Синсинати е перфектна лекција за Алкарас. – Мислам дека секогаш си дал 100 проценти на теренот, можеш да останеш мирен и по пораз. – Секако дека си можел да направиш повеќе и подобро во одредени поени, ќе ги прегледуваш снимките и ќе анализираш, но совеста ти е мирна – Поразот не би требало да има негативно влијание врз Алкарас, бидејќи за него беше перфектно финале. За него беше перфектна лекција, исто како поразот на Ролан Гарос, по кој успеа да го победи Ѓоковиќ на Вимблдон. Сега следува евентуално ново финале, во кое ќе знае многу подобро како да се постави против Новак, посебно што ќе игра на турнир кој го освои минатата година. Веќе освои и друг грен-слем и знае како изгледа да се дојде до тој трофеј. – Карлос мора да се адаптира на играта на Новак, бидејќи против секој друг играч може да пробие со својата агресивност, но против Ѓоковиќ му треба удар повеќе, затоа што никој не знае да се брани и да ја врати топката како Новак. – Од друга страна Ѓоковиќ во меѓувреме ќе анализира како може да напаѓа и по силен форхенд на Алкарас, двајцата имаат можност да научат многу од дуелот во Синсинати. Секогаш ќе биде тешко за двајцата, тој што ќе игра на 99 проценти од своите можности, ќе загуби, – вели Кореча, кој како тенисер играше две грен-слем финалиња, а најдобар пласман на Ју-Ес Опен му беше четвртфинале.


1 view

Comments


bottom of page