top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поранешен шпански селектор посочи каде треба да се бара вината за сериозната повреда на Гави

Пабло Гави е најнесреќниот играч во Шпанија во изминатите 24 часа, бидејќи младата ѕвезда на Барселона заработи тешка и сериозна повреда која стави предвремен крај на неговата сезона.

Талентираниот 19-годишен играч за врска го чека долга пауза и ќе мора да прави операцијата на коленото, па откако Барселона го потврди најцрното сценарио за својот член, во јавноста во Шпанија почнаа да излегуваат изјави за црниот биланс на скинати лигаменти од стартот на сезоната.

За жал, ова не е прв случај во Барселона кога е во прашање тешка повреда на колено кај млад фудбалер, бидејќи претходно низ истиот пекол мина и Ансу Фати, па дел од аналитиачрите сметаат дека младите фудбалери пребрзо се впуштаат во професионалниот фудбал и така се ризикуваат потешки повреди.

– Стана пракса да им се дава шанса на младите фудбалери, и тоа повеќе од што е потребно. Фановите сега сакаат да гледаат млади фудбалери, сега границата е значително симната од мое време. Кога јас бев селектор, Раул имаше 18 години и добиваше мала минутажа, а сега играчите со 18, па и 16 години се стартери во селекцијата. Јас сметам дека младите играчи треба подобро да се дозираат, бидејќи голем е скокот од младински во професионален фудбал. Физичките предиспозиции не се исти, не е исто да влезете во дуел со свој врсник и со маж кој има 28 години.

– Последен пример е Јамал, тој игра редовно со 16 години, мислам дека тоа се премногу натпревари. Сметам дека со младите играчи треба да се оди побавно и попретпазливо. Ова што му се случи на Гави, му се случи и на Ансу Фати. Се судри со играч кој има 28 години и неговото колено не издржа. Нозете, коските, лигаментите и сите органи во телото се развиваат на таа возраст, не е исто кога имате 16 или 23 и 27 години. За се треба подготовка, сметам дека младите играчи непотребно се форсираат и тоа носи и вакви неблагодарни ситуации, – анализира поранешниот шпански селектор, Хавиер Клементе.


1 view

Comentarios


bottom of page