Поранешен фудбалер на ПСЖ: Клубот има големи играчи, но му фали колектив
- Aleksandar Santovski
- Mar 14, 2023
- 1 min read
Францускиот првак ПСЖ има голем број фудбалски ѕвезди во својот тим, но еден поранешен член смета дека никогаш не успеал да создаде вистински фудбалски колектив и тимски дух
Пабло Сарабија мина неколку сезони како член на составот од Париз, а по заемот во Спортинг, сега е член на Вулверхемптон.
– Беше неверојатно да играм покрај фудбалери како Нејмар, Мбапе и Меси. Тоа беше одлично искуство, но за мене е најважно да се чувствувам важно за колективот.
– Затоа решив дека треба да заминам во друг клуб, да бидам дел од еден колектив како вистинска фамилија, а не состав полн со одлични индивидуалци. Исто така не бев среќен и што не добивав шанса да играм, – изјавил Сарабија.
Шпанецот се пресели во ПСЖ од Севилја, за овој јануари да ги засили „волците“.

Comentários