top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поранешен играч на францускиот првак: Меси веќе нема да го облече дресот на ПСЖ

Лионел Меси заработи двонеделна суспензија од својот актуелен клуб ПСЖ, а поранешен играч на оваа екипа смета дека тоа значи и целосен крај на епизодата на Аргентинецот во редовите на францускиот првак.

Големата ѕвезда ги налути челниците на клубот со неодобрената посета на Саудиска Арабија и веднаш доби казна, а Жером Ротен не очекува да го види Меси во дресот на ПСЖ во иднина.

Стручниот коментатор на еден француски медиум смета дека пораката е јасна и двете страни не сакаат да ја продолжат соработката, иако Меси би имал можност за настап на уште три натпревари откако ќе му истече суспензијата.

– Ова е почеток на случај во кој фудбалерот заработува отказ од клубот.

– Не очекувајте Меси да мине 15 дена под суспензија и потоа да се врати, мотивиран да настапува за ПСЖ.

– Клубот е многу разочаран и патувањето во Саудиска Арабија се смета за голем удар кон ПСЖ, 99 проценти сум сигурен дека Меси веќе нема да го облече дресот на парискиот состав, – вели Ротен.


0 views

Comments


bottom of page