top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поранешен диџеј ќе испише историја за Јамајка на ЗОИ 2022

18.01.2022 Januari Vtornik

АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Поранешниот диџеј Бенџамин Александер ќе стане првиот скијач што ќе ја претставува Јамајка на зимски олимписки игри (ЗОИ), објави „Скај“. Тој почна да скија во 2016 година и нема тренер со полно работно време. Александер се пласира за Игрите во Пекинг откако заврши седми во велеслалом на националното скијачко првенство на Зеленортските Острови на 12 јануари, пишува „Скај“. Александер (38), кој пораснал во Англија и чиј татко е Јамајчанец, ќе биде првиот алпски скијач и 15-ти спортист во историјата што ќе се натпреварува за Јамајка на зимски олимписки игри. Тој вели дека неговата неверојатна приказна е делумно инспирирана од легендарниот боб-тим од 1988 година, кои беа првите Јамајчани во историјата што учествуваа на едни зимски олимписки игри. – Чувството е неверојатно. Најголемата емоција што ја имам во моментов е олеснување. Целиот мој живот го вложив во ова, моите заштеди, мојата репутација, апсолутно сѐ – вели тој. Пред две години дипломираниот инженер реши да направи план „чекор по чекор да стигне до олимписка норма“. Тој вели дека скијал 450 дена во претходните две години, не можејќи да тренира повеќе поради пандемијата.

– Го почнав овој проект во март 2020 година. Голем дел од мојата борба беше против пандемијата, неможноста да заминам на јужната хемисфера за да тренирам во текот на нивната зима и да губам месеци и месеци натпревари поради нивното откажување – рече тој. Запрашан дали филмот „Кул ранингс“ за боб-тимот од ЗОИ 1988 влијаеше врз него, тој одговори: „Да не беше тој филм и моите пријатели, кои се шегуваа дека сум како Кул ранингс, мислам дека овој план немаше да беше измислен“. – Најголемото навивање на олимписките игри е секогаш за земјата домаќин, но второто најголемо навивање секогаш е за Јамајка – вели Александер. А за неговите надежи за победа тој рече: „Не сакам да им одземам ништо на луѓето што почнале од двегодишна возраст. Мојата приказна е за учеството и се надевам дека ќе ја инспирира следната генерација деца од Јамајка да почнат порано од 32 години“, пренесува „Скај“. Зимските олимписки игри во Пекинг почнуваат на 4 февруари.


2 views

Comentários


bottom of page