top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поранешен бразилски фудбалер го критикува Тите: Неговата одлука е срамна!

Бразилскиот селектор Тите меѓу првите ги одреди патниците за СП во Катар, а дел од неговите одлуки отворија дебата во домашната јавност.

Покрај тоа што го повика 39-годишниот Дани Алвеш, Тите изненади многумина со повикот за фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели.

Поранешниот бразилски фудбалер, Нето, кој сега работи како стручен коментатор вели дека одлуката на Мартинели е смешна и тој покажува непочитување кон фудбалот.

– Ова е срамота, мора да е шега, мене ми е срам за него.

– Да го тргнеме на страна Алвеш, како решил да го повика Мартинели кој има постигнато 33 гола во цела кариера.

– Тоа е непочитување кон фудбалот, да го повикаш Мартинели, а не Габигол е непочитување и најсрамна одлука во досегашните селекторски состави.

– Мартинели може да се слободно во трговски центар во Бразил бидејќи никој не го познава, постигнува пет гола во сезона. А од друга страна го имате Габигол кој го одведе Фламенго до Либертадорес купот, го постигна голот за победа во финале и е многу популарен во Бразил, – изјавил лутиот Нето.


2 views

Comments


bottom of page