Поранешен англиски судија со оценка за недосудените пенали врз Роналдо
Updated: Sep 21, 2021
20.09.2021 Septemvri Ponedelnik
Манчестер Јунајтед излезе како победник во драмата на дуелот со Вест Хем, но менаџерот Оле Гунар Солскјер негодуваше поради недосудените пенали по стартовите над Кристијано Роналдо.
Менаџерот на Јунајтед е убеден дека судијата го оштетил неговиот барем за два пенал, додека поранешниот судија Дермот Галахер има сличен, но не и целосно идентичен став.
– Бев изненаден што не беше досуден пенал во првата ситуација во која Роналдо бараше пенал. Фудбалерот на Вест Хем ја повлекуваше ногата, но веќе беше отиден далеку со својот старт, – вели Галахер.
Тој смета дека следните две спорни ситуации со истиот фудбалер биле комплицирани, но тој не би ги судел.
– Знам дека третата ситуација ја подели јавноста. На прв поглед и јас сметав дека е пенал, но потоа од друг агол забележав дека Роналдо почнува да паѓа уште пред контактот. Веројатно некои судии би го суделе и ова, – изјавил Галахер.
コメント