top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Порака во шише од 2018 година го премина Атлантикот

Порака во шише напишана во 2018 година го преминала Атлантикот, по три години од почетокот на своето „патување“. Шеснаесетгодишниот Шон Смит ја испратил пораката додека бил на одмор на Род Ајленд, во САД.

– На Денот на благодарноста, имав 13 години и бев да го посетам своето семејство на Род Ајленд. Јас сум од Вермонт. Напишав: ако ја најдеш пораката јави се на мојот мејл. По три години шишето е пронајдено 4.820 километри подалеку. Го пронашол 17-годишниот Кристијан Сантос, кој живее на Азорските Острови, португалски архипелаг во средината на Атлански Океан – изјавил Смит.

Кристијан го забележал шишето додека ловел риба со еден роднина во плиткото.

– Го зедов шишето и ја здогледав хартијата во него. Си помислив дека е многу интересно и ѝ го покажав на мајка ми – објаснил младичот.

Неговата мајка Моли му рекла дека пораката доаѓа од Масачусетс, каде што тој бил роден, пред семејството да се пресели на Азорските Острови. Веднаш одлучиле да испратат мејл на наведената адреса, но одговор немало и Шон сосема заборавил на шишето. Меѓутоа, набрзо контактот меѓу двете страни бил воспоставен бидејќи Моли ја фотографирала пораката и ја објавила на Фејсбук.

– Не можев да поверувам. Фрлив неколку шишиња со пораки во океанот, некои беа пронајдени, но на оваа сосема заборавив. Ќе се обидам да останам во контакт со Кристијан – објаснил Шон Смит.


2 views

Comments


bottom of page