top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поради тебе, шефе, бевме како браќа во репрезентацијата

Горан Пандев до Игор Ангеловски

Горан Пандев ја заврши репрезентативната кариера по историскиот настап на Европското првенство на Македонија, каде што најверојатно завршува и работата на селекторот Игор Ангеловски. Капитенот реши да му се заблагодари на човекот кој го врати во репрезентацијата и со кого заедно стигнаа до историскиот успех.

– 20 октомври 2015, првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце – напиша Пандев.


2 views

Comments


bottom of page