top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ПОРАДИ НЕА ГО НАПУШТИ СЕМЕЈСТВОТО „Пукна“ врската на Дејвид Гета со жешката Кубанка

Светски познатиот диџеј Дејвид Гета и неговата долгогодишна девојка Џесика Ледон ставија крај на својата врска, пренесуваат странските медиуми.

Еден од омилените диџеи и манекенката беа заедно седум години, а тој минатата година наместо свршенички ѝ подари прстен на ветување бидејќи „повеќе не верува во брак“.

Да потсетиме, Гета пред врската со Џесика беше 22 години во брак со Кети Лоб со која има две деца.

Двојката се разведе во 2014 година, а веќе неколку месеци подоцна јавноста дозна за него и за оваа атрактивна Кубанка, за која многумина шпекулираа дека е причината за разводот, но тоа никогаш не беше потврдено.

„Имаат долго заедничко минато. Мислеа дека се создадени еден за друг, но не им успеа“, изјавил изворот.

Џесика и Гета не се појавиле заедно во јавноста по доделувањето на Греми наградите во април.


0 views

Comments


bottom of page