top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поради коронавирусот можно затворање на 60 проценти од британските музеи?!

10.02.2021 februari sreda

„Пандемијата нè фрли на коленици“, изјави деновиве Дејвид Грин, директор на светски познатиот музеј Флоренс Најтингел во Лондон, кој минатата година мораше да се откаже од важна прослава на 200-годишнината. Грин рече дека ако трае кризата, тие можат да станат целосно несолвентни, што значи дека е тешко да се каже дали повторно ќе можат да ја отворат вратата.

Здружението Art Fund соопшти дека 60 проценти од британските музеи стравуваат дека нема да ја преживеат пандемијата на вирусот корона. Тие додаваат дека новото “заклучување“ воведено на почетокот на јануари (со новиот мутиран вирус) може „значително да го зголеми овој број“ и да доведе некои музеи да ги затворат вратите засекогаш.

“Музеите и галериите се борат за опстанок“, изјави и директорката на Art Fund Џени Валдман, истакнувајќи дека малите музеи, иако се важни, немаат резерви да ја преживеат зимата. Владата итно даде 1,57 милијарди фунти за целиот културен сектор, што беше поздравено, но далеку е од доволно.

Art fund во петокот објави дека обезбедува дополнителни 750 000 фунти за 23 културни институции, а со тоа и неговата поддршка за тој сектор порасна на 2,25 милиони фунти од почетокот на пандемијата.

Оганизацијата, истакнува дека има 451 барање од музеите за помош во вкупна вредност од 16,9 милиони фунти.


8 views

Comments


bottom of page