top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поради Вил Смит и инцидентот со шамарот, Оскарите воведоа – КРИЗЕН ТИМ

Академијата за филмски уметности и науки за овогодишните Оскари воведе кризен тим, а сето тоа поради минатогодишниот инцидент со Вил Смит и Крис Рок.

Кризниот тим е задолжен само за вонредни ситуации, како што е шамарот на Вил Смит, а вакво тело досега немало на ниту една церемонија за Оскар.

„Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме нашите умови за многу работи што можат да се случат на Оскарите. Имаме цел кризен тим, нешто што никогаш претходно не сме го имале, и многу планови подготвени за различни можни сценарија. Се надеваме дека тимот ќе биде подготвен на се во случај да се случи нешто“, изјави за Time, Бил Крамер, извршен директор на Академијата.

Тој исто така нагласи дека оваа година домаќин на наградата ќе биде ветеранот Џими Кимел.

“Кимел е некој кој е навикнат на се што носи телевизијата во живо и е свесен дека работите не одат секогаш според планот. Кимел е водител кој знае како да се справи со такви ситуации”, објасни Крамер и нагласи дека минатата година за време на инцидентот со Смит и Рок требаше да реагира многу подобро.

Да потсетиме дека Крис Рок ја спомена Џејда Пинкет Смит во својот говор на минатогодишното доделување на Оскарите. Смит првично се насмеа на коментарот, но кога ја виде лутата реакција на неговата сопруга, и тој се налути и излета на сцената и му удрил шлаканица на Рок. Кога се вратил на своето место, Смит извикал: „Не го изговарај името на мојата сопруга“. Овој шамар му донесе десетгодишна забрана да се појави на доделувањето на наградите.


1 view

Comments


bottom of page