top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Популус“ – перформанс комбиниран од современи и народни танци во Битолски тератар

Концепираниот перформанс „Популус“ – вид танцово изразување на група танчери и ќе се одржи денеска во Народниот театар – Битола во рамки на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Режисерот и кореограф, Филип Петковски, забележува дека станува збор за перформанс изведен од социјалните танци на Македонците, Албанците, Турците и Ромите.

Тој додава дека кореографскиот продукт е сработен преку истражувачки процес во кои танчерите и кореографот имаа за цел да истражат што е тоа што ги спојува овие заедници, наместо да нагласи што е тоа што ги прави различни.

„Овој перформанс претставува еден нов вид на танцово изразување, особено кога станува збор за начин на кој се презентира традиционалниот танц во државава, поаѓајќи од фактот дека од 1950 година, па сè до ден денес, не постојат нови правци на кореографирање и осовремување на традиционалниот танц кој низ годините бил диктиран од перформативните политики на националните установи“, се вели во соопштението.

Танчерите Теодора Ѓоргиева, Стефанија Маневска, Марија Саздовска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески и Балаж Лучеи кои играат во перформансот се занимаваат со традиционален танц, балет, и современ танц.

Музиката е на Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски, „Љубојна“, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, „ДахаБраха“ и Мобајл Соул Систем.


3 views

Comentários


bottom of page